Вардар се пожали: Рига ја демолира соблекувалната (ФОТО)

533

Вардар не успеа на домашен терен да дојде до победа во првиот меч од второто квалификациско коло против Рига во рамките на Конференциската лига. Македонскиот првак беше совладан со 2-3 на денот кога прославуваше голем јубулеј.

Денеска од таборот на Вардар се пожалија дека гостинската екипа оставила хаос во соблекувалната, дел инвентарот е искршен, има и неколку шкафчиња исто така искршени.

Реваншот помеѓу Вардар и Рига се игра за седум дена, таму нашиот првак мора да биде перфектен и да најде начин како да остане во Европа. Задачата е тешка, но сепак станува збор за тим со високи амбиции и македонски првак.

 

ПретходноМЛС го истражува трансферот на Касемиро во Интер Мајами!
СледноПоложани: Имаме квалитетни играчи и голема желба – можеме до позитивен резултат!