Капсаров е ново засилување за Пелистер

77

Пелистер вечерва потврди уште еден нов трансфер во очекување на новата сезона во Втората лига.

Битолчани се пофалија со ангажманот на 21-годишното десно крило, Костадин Капсаров. Младиот фудбалер сезоната ја заврши во дресот на Брегалница (Ш) каде дојде од екипата на Беласица.

Капсаров почна во младите категории на Брера, а потоа играше за Беласица и Детонит Јуниор.

ПретходноБарселона ќе мора да ја почне сезоната без Френки Де Јонг
СледноКЛ: Шкендија поведе, но се враќа со пораз од Словенија (ВИДЕО)