Некогашниот македонски младински репрезентативец Нехар Садики е нов играч на екипата на Бајангкара од Индонезија.
Дефанзивецот заминува на Исток по епизодата во Босна и тимот на Игман. Претходно својата интернационална кариера ја градеше и во Русија, како и во Албанија.
Во домашниот шампионат играше за екипите на Работнички, Ренова, Еуромилк….За младинските селекции на Македонија одигра петнаесетина мечеви.










