Некогашниот македонски одбојкарски репрезентативец, Стефан Алексов, и официјално ја завршува играчката кариера и преминува во тренерски води. Како што објави шампионот Штип УГД, Алексов во новата сезона ќе има поинаква улога во шампионскиот тим на Штип УГД, каде е биде асистент на тренерот Кристиан Ристески.
Во својата играчка кариера, Стефан Алексов е носител на повеќе признанија и спортски успеси, меѓу кои:
– Освојувач на Купот на Македонија со ОК Штип УГД – 2024, 2025, 2026 година,
– Освојувач на првенството на Македонија со ОК Штип УГД во сезоната 2025/2026,
– Прогласен за „Спортист на годината на град Штип“ за 2024 година,
– Освојувач на Купот на Македонија и титулата во македонското првенство со OK Струмица во сезоната 2020/21,
– Настапи на медитерански игри, сребрена лига, златна лига и ЕП со репрезентацијата на Македонија.










