Вардар не успеа на домашен терен да дојде до победа во првиот меч од второто квалификациско коло против Рига во рамките на Конференциската лига. Македонскиот првак беше совладан со 2-3 на денот кога прославуваше голем јубулеј.
Денеска од таборот на Вардар се пожалија дека гостинската екипа оставила хаос во соблекувалната, дел инвентарот е искршен, има и неколку шкафчиња исто така искршени.
Реваншот помеѓу Вардар и Рига се игра за седум дена, таму нашиот првак мора да биде перфектен и да најде начин како да остане во Европа. Задачата е тешка, но сепак станува збор за тим со високи амбиции и македонски првак.










