Положани: Имаме квалитетни играчи и голема желба – можеме до позитивен резултат!

56

Шкендија вечерва (20:45 часот) му гостува на тимот на Браво во рамките на второто квалификациско коло во Конференциската лига. Тетовските „црвено-црни“ во пресметката со тимот од Словенија влегуваат со две победи, откако претходно ја елиминираа Европа.

Во составот на тренерот, Артим Положани ќе бидат и двете најнови заасилувања, Марко Ѓорѓиевски и Јован Манев. А фановите на македонскиот тим дуелот кој се игра на Арена „Стожице“ ќе можат да го проследат на МРТ 2.

Стратегот на Шкендија вели дека денеска во фудбалот нема многу тајни, сите анализираат и сите знаат точно со што ќе се соочат. Браво има мала предност, но и недостатоци, кои неговите момци треба да имаат максимален пристап во играта.
„Дефинитивно е позитивно за противникот во овој случај, но да не заборавиме дека денес сите анализираат, фудбалот напреднал толку многу што нема повеќе тајни. Малку е повеќе во предност затоа што тие не играа во првото коло во Европа, додека ние игравме практично во првото коло. Во таа смисла на анализа, тие имаат предност пред нас, но и ние имаме предност во однос на она што практично го поминавме во два натпревари во европските купови. Противникот одигра еден натпревар во првенството, но мислам дека првенството со европските купови е различно. Има предности, има недостатоци, но она што треба да се нагласи е начинот на пристап како ќе нè внесеме во натпреварот. Дефинитивно ќе се обидеме за позитивен резултат, тоа би било голема предност за нас. Но, треба да го знаеме и овој друг дел дека зборуваме за тим кој е тактички исклучително дисциплиниран. Но, мислам дека во нашиот тим имаме квалитетни играчи, имаме вистинско искуство во европските купови. Ако сето ова се собере, додадена и таа желба за победа, мислам дека ќе излеземе со позитивен резултат“, порача Пoложани. 
ПретходноВардар се пожали: Рига ја демолира соблекувалната (ФОТО)
СледноСухолежник: Ми се допадна Алкалоид како клуб, верувам дека ќе оствариме добри резултати!