Шкендија беше поразена со 2:1 од словенечки Браво во првиот натпревар од второто квалификациско коло на Конференциската лига на УЕФА. Иако први поведоа, тетовци на крајот мораа да заминат со гол негатива пред реваншот кој следната недела ќе се одигра во Скопје.
По натпреварот, тренерот Артим Положани се појави пред медиумите за да ја даде својата анализа.
„Им честитав на момците за нивната изведба. Мислам дека одигравме одличен натпревар, натпревар со многу шанси против противник кој е исклучително тактички добро позициониран на теренот. Нормално, она што не функционираше, мислам, беше завршницата, бидејќи во моменти кога натпреварот во Европските купови произведува толку голем обем и создава шанси пред голот, мислам дека тоа е позитивно. Сега дефинитивно мора да работиме на овој дел од завршницата бидејќи нормално во Европските купови секој гол е исклучително вреден“, истакна Положани.
За шансите на реваншот во Скопје, тренерот на тетовци додаде:
„Во вакви натпревари нема сигурност за резултатот. Значи, дури и да бевме во попозитивен резултат, практично во Скопје ќе мораше да влеземе максимално за да го добиеме натпреварот“.










