Ѓорѓевиќ: Подготвени сме и ќе дадеме сѐ за што подобар пласман

42
Фото: КФСМ

Македонската машка репрезентација „Под 18“ години вечерва го започнува настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое од 25 јули до 3 август се одржува во Ријека и Опатија, Хрватска.

Нашите јуниори првиот предизвик го имаат против селекцијата на Грузија, а капитенот Григориј Ѓорѓевиќ истакнува дека тимот е максимално подготвен за шампионатот и верува во успешен настап.

„Настапот на ова Европско првенство во Хрватска е привилегија и за мене, и за моите соиграчи. Голем предизвик е да бидеме дел од ова натпреварување и да играме против најдобрите кошаркари од земјите учеснички.

Добро се подготвивме во периодот кој е зад нас и верувам дека сме подготвени за сите предизвици што нè очекуваат. Како тим сме обединети, имаме одлична атмосфера и добра хемија, а сите размислуваме само за успех.

Ќе го дадеме својот максимум на секој натпревар и ќе се бориме за што е можно повисок пласман“, вели капитенот на Македонија, Григориј Ѓорѓевиќ.

Македонија настапот на Европското првенство ќе го отвори вечерва со натпревар против Грузија, кој започнува во 20:30 часот.

Покрај Македонија и Грузија, во групата „Д“ се и репрезентациите на Шведска, Босна и Херцеговина и Унгарија, а првите две селекции на табелата ќе обезбедат место во четвртфиналето на шампионатот.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО – ДИВИЗИЈА „Б“ – „ПОД 18“-МАЖИ – РИЈЕКА И ОПАТИЈА 2026

ДЕНЕСКА НА ПРОГРАМАТА

ГРУПА Д

24. ЈУЛИ (ПЕТОК)

18.00: БиХ – Унгарија

20.30: Грузија – МАКЕДОНИЈА

ЛИНК: https://www.youtube.com/live/QXvNqTJmeGA?si=UGgWVp09F7AXrPIo

Шведска – слободна

ПретходноКлоп: Ако ја преминете „линијата“ со моето семејство – веднаш ќе си одам!
СледноШкендија без еден од голманите во следните три недели