Мечувалците се враќаат со одлични настапи од СП во Хонг Конг

27

Македонските мечувалци Петар Дамјаноски, Огнен Бундалески, Петар Србиноски и Матеј Тодоровски, иако се се уште јуниори, ја преставуваат нашата златна генерација на македонски мечувалци на Светското сениорско првенство кое се одржа во Хонг Конг.

На првенството во конкуренција на 225 мечувалци од целиот свет сите четворица македонски репрезентативци имаа победи во групната фаза, а тројца од нив продолжија и во елиминациските борби. Одличен настап имаше Петар Дамјаноски, кој во групната фаза, од 6 борби имаше 5 победи и само еден пораз, па така после прво коло беше рангиран на 35. место. Во втората елиминациска борба изгуби 15:14, и со тоа го освои 68. место во конкуренција на 225 натпреварувачи.

Она што е поразително е што нашата екипа млади мечувалци патуваше без тренери, бидејќи немаа доволно финансии и тренерите да патуваат со својата екипа.

ПретходноПочнува 35. шампионат на Македонија: Повторно со 10 клуба, битката за титулата ќе биде „црвено-црна“
СледноСејдини излезе од притвор, понудил гаранции од 1,1 милион евра