КФСМ постави јасни правила кога станува збор за настап во кошаркарските шампионати и во машка и женска конкуренција.
Старите долгови кои екипите ги имаа требаше да ги подмират до 15 јули, а со тоа да дадат гаранција дека го поседуваат потребниот буџет за играчи во новата сезона, како и најмалку две младински екипи, сала и сите основни услови за натпреварување.
Спред неофицијални извори и во женска конкуренција има проблем. Во следната сезона постои голема веројатност во Прва лига жени да не се натпреварува Баскет Кам. Нашите информации велат дека четирикратниот првак и актуелен освојувач на Купот на Македонија ќе биде исклучен од највисокиот ранг на натпреварување поради долгови кон федерацијата.
Женските кошаркарски клубови се соочуваат со тешка финансиска криза, нема да биде чудо доколку и од понискиот ранг се откажат голем број на екипи.
За постетување кај мажите се чека одлука на Апелација, доколку трите тима кои немаа подмирено долгови одлучат да се жалат. Маџари веќе извести за исплатените долгови, не е позната ситуацијата со ТФТ и Чаир.










