Со натпреварот помеѓу Тиквеш и Арсими денеска и официјално стартува новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Натпреварот се игра на Градскиот стадион во Кавадарци, а почетокот е закажан за 17 часот.
ФФМ на својата „Фејсбук“ страница пред стартот на возбудувањата во фудбалкската елита во Македонија порача дека судиите се подготвени за новата задача. Од „куќата на фудбалот“ споделија видео-запис на кој пишува: Фитнес денес. Конзистентност утре. Подготвени. 1 МФЛ, сезона 2026/27.















