Во рамките од првото есенско коло од новиот ПМФЛ шампионат, актуелниот првак Вардар на своето деби сезонава на домашен терен на Арената во Скопје се среќава со екипата на Брегалница.
На полувреме резултатот е 1:0 откако 27 минута на прекрасната асистенција на Едис Спахиу, Димитар Данев реализираше рутински на пеналтикот.
Неколку минути подоцна прекрасното додавање на Димитар Тодоровски, Закариќ го претвори во гол, но ВАР одлучи дека крилото играло со рака при приемот на топката, па го поништи погодокот.















