Вардар нема време за одмор: Ќе сториме сѐ да победиме и на гости кај Рига!

109

Вардар со победа ја започна одбраната на титулата во домашниот шампионат. „Црвено-црните“ на домашен терен славеа против Брегалница со 2-0 (Данев и Закариќ), триумф кој е добредојден после новиот пораз во Конференциската лига пред неколку дена од Рига.

Играчот за врска, Димитар Тодоровски, истакна дека веќе се фокусираат кон реваншот, на кој ќе имаат тешка задача на гостински терен после поразот од 2-3 на Арената „Тодор Проески“.

„Ова е многу важен триумф за нас, на почетокот на новата сезона, но и во пресрет на реванш натпреварот против Рига во квалификациите за Конференциската лига. Тренерот направи неколку замени, тимот доби на свежина и мислам дека тоа се почувствува и успеавме да ја надиграме Брегалница. Сега се фокусираме на европскиот предизвик, ќе сториме сѐ да победиме и на тој меч“, изјави Тодоровски.

Практично Вардар нема многу време за одмор, распоредот е згуснат, за три дена и гостуваат на Рига.

ПретходноИталија и натаму во „агонија“ – доби уште една „корпа“
СледноИнфатино испратил писмо до Аргентина