Вардар со победа го отвори новиот шампионат (ВИДЕО)

145

Актуелниот шампион на Македонија, тимот на Вардар со победа го стартуваше новиот ПМФЛ шампионат. На стартот на есенската полусезона, во рамките од првото коло, избраниците на тренерот Кристијан Фабиани, попладнево на Арената со 2:0 го совладаа новиот прволигаш тимот на Брегалница.

Со втор состав, односно со оние играчи на терен кои што реално не добија шанса во евро настапите на тимот летово, Вардар успеа да се справи со противникот иако на моменти Брегалница сосема легитимно парираше.

Стартниот момент на мечот беше на Пиреш кој биеше од поле, за да Спахиу има ситуација во 12. Минута но бее краток.

Асистенција на Спахиу, Данев реализира

Во 27. Минута клучниот момент на мечот. Едис Спахиу прими една топка на десната страна, и прекрасно асистира за Димитар Данев, кој што на подалечниот дирек, на петерецот рутински реагира и реализира за водство на домаќинот.

Во продолжението на полувремето по прекрасната асистенција на Димитар Тодоровски, Горан Закариќ погоди за 2:0. По ВАР асистенцијата, голот беше поништен поради играње со рака на Закариќ при приемот на топката.

Стојанов промаши за изедначување, Закариќ завери триумф

Во второто полувреме Брегалница проба нешто повеќе на противничката половина. Имаше неколку обиди, но фалеше тој завршен пас. Омерагиќ откако влезе во игра, имаше обид од волеј преку голот, и уште една изгледна ситуација во која што не реагираше најдобро.

На спротивната страна Мартин Стојанов ја имаше шансата на мечот за Брегалница, кога доби една топка во празно излезе одкосо пред Диковски, шутираше но голманот на Вардар на своето деби за тимот одлично реагираше.

Во 81. Минута на асистенција на Герсон Родригес, Горан Закариќ рутински реализира за 2:0 и „од втора“ што се вели се запишува во листата на стрелците.

 

ПретходноЗа малку трагедија на Тур Д’Франс: Американец ќе излеташе во провалија (ВИДЕО)
СледноСтруга Трим Лум за само 20 минути го реши дебитантот!