Актуелниот македонски фудбалски шампион Вардар, денеска ја стартува одбраната на титулата во домашниот шампионат. Во рамките од првото коло на домашен терен ја пречекува денеска штипска Брегалница од 17:00 часот на Арената Тодор Проески.
Во меѓувреме, напоредно со домашните активности, Вардар сеуште е дел од фудбалска Европа. Поточно, во вторник против Рига го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло во Лигата на Конференции каде што „брка“ негатива од 2:3 по поразот во Скопје.
Дали истата ќе успее да ја анулира ќе видиме. Проблем се трите примени гола на домашен терен. По грешки на дефанзивата. Тренерот Фабијани вели дека тој меч е одигран добро, само грешките го чинат Вардар пораз.
Па штом е така, Вардар пробува да доведе искусен дефанзивец кој што евентуално би ги решил проблемите во последната линија. На стоперите, Мислав Матиќ, Дарко Велковски, Филип Најдовски и Ненад Мишковски, менаџментот на клубот пробува да го додаде и искусниот црногорски интернационалец Душан Лагатор.
Некогашниот црногорски репрезенаттивец кој што во моментов има 32. години и е дел од тимот на Макасар во Индонезија каде што заминал годинава во јануари.
Искусен стопер кој што во кариерата има настапувано за екипите на Могрен, Младост, Чукарички, руски Сочи, унгарски Дебрецев, полска Висла Плок и индискиот тим Керала Бластерс.















