Благој Димитриев се врати во дресот на Пелистер

59
фото: КК Пелистер Битола (FB)

КК Пелистер започна со конструирање на тимот за сезоната 2026/27. Откако беше назначен тренерот Тане Спасев, клубот потпиша со неколку кошаркари, а првиот кој и официјално е претставен пред јавноста е Благој Димитриев.

Ова е своевидно враќање на Димитриев во битолскиот клуб, каде што настапуваше пред неколку сезони. Овој 26-годишен кошаркар доаѓа во Битола од Кавадарци, каде минатата сезона ги бранеше боите на Тиквеш. Претходно беше дел од екипите на Ангели и Струмица.

ПретходноРуи Коста е заглавен во кредити, Централната банка го стави на „црна листа“
СледноЕлмас се повредил на тренинг, не играше на денешниот пријателски меч за Лајпциг