Мастерсот во Монтреал без Ѓоковиќ и Синер

39
фото: Novak Djokovic @DjokerNole (X)

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ нема да биде дел од Мастерс турнирот во Монтреал, Канада, како што таму нема да патува ниту освојувачот на Вилмблдон Јаник Синер.

Оваа одлука на двата тенисера е дефинитивна, и потврдена од обата табора. Ако се земе впредвид дека поради повреда откажа и Карлос Аклараз, тоа значи дека овој турнир значително ќе биде ослабен што се однесува до најголемите тениски звезди на денешницата.

Од друга страна пак се води кон тоа дека и Ѓоковиќ и Синер и Алкараз ќе бидат подготвени и ќе настапат на следниот Гренд Слем турнир, а тоа е УС Опен кој што е на програмата од 30 август до 13 септември 2026 година во Њујорк.

 

ПретходноРеал го краде Диоманде: Перез понудил 120 милиони евра за крилото на РБ Лајпциг!?
СледноПоради продукцијата ќе доцни почетокот на мечот во Струга