Поради продукцијата ќе доцни почетокот на мечот во Струга

255

Денешниот натпревар од 1. коло во Првата македонска фудбалска лига кој треба да се одигра во Струга меѓу домаќинот Струга Трим Лум и екипата на Шкендија Арачиново нема да започне во планираниот термин од 17 часот.

Според информациите средбата ќе биде пролонгирана за најмалку половина час (17:30) поради продукцијата која треба да го реализира овој натпревар. Останува да сочекаме дали ќе има и друго дополнително одложување на мечот или ќе започне во новиот термин.

ПретходноМастерсот во Монтреал без Ѓоковиќ и Синер
СледноМиленкоски направи детален план на подготовките, се договараат и неколку контроли