Нов пораз за македонските јуниори, Унгарија го згасна сонот за А Дивизија!

81
Фото: ФИБА

Македонската јуниорска репрезентација го запиша третиот пораз на Европското првенство Б Дивизија. Денеска нашите кошаркари беа поразени од Унгарија со 86-63. На овој начин шансите за пласман во главната рунда која носи чекор поблиску до битката за елита.

Македонија претходно беше поразена од Грузија и Босна. Последниот меч од групната фаза на 29 овој месец против Шведска, шанса за прва победа.

Денеска нашите кошаркари беа инфериорни во однос на противникот, кој мечот го реши во првата четвртина во која избраниците на селекторот, Миодраг Тодоровиќ постигнаа само шест поени, а примија 21. Во продолжение, Македонија беше рамноправен противник, но стекната негатива од првата четвртина не успеа да ја надокнади.

 

ПретходноМурати: Можеме да бидеме изненадувањето на првото коло
СледноИ Един Џеко донесе одлука за својата иднина!