Шкендија рутински до првите три бода на стартот на сезоната (ВИДЕО+ФОТО)

233

Македонскиот вицешампион Шкендија новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ја почна со рутинска победа. Без поголеми проблеми и со главно доминација вос ите 90 минути, тетовци на теренот на ФФМ во Скопје славеа против новајлијата во еитата, ФК Скопје со убедливи 3:0.

Дека Шкендија ќе дојде до планираните стартни три бода се виде уште во првите десетина минути од натпреварот. Тетовци притиснаа и веќе во 17. минута го отворија резултатот со голот на Ндзенгуе за предност од 1:0.

Со овој резултат двата тима заминаа на пауза, но и во вториот дел работите не се променија. Шкендија беше тимот кој ја контролира играта, а Скопје остана без адекватни можности. Во 65. минута со среќниот гол на Тамба тетовските „црвено-црни“ поведоа со 2:0, а со голот на Рафа Силва во 75. минута само ја запечатија победата и ги прокнижија првите три бода.

За тимот на Положани, од утре стартува подготовката за реваншот со Браво во 2. коло од квалификациите за Конференциската лифа на УЕФА.

ПретходноПродолжува голгетерската серија: Стојановски повторно стрелец за Спартак Варна (ВИДЕО)
СледноУЕФА ја закажа ждрепката за новата сезона на ЛШ, Англичаните повторно најбројни