Претседателот на Чешка беше фотограф на трката во Формула 1 (ФОТО)

59

Чешкиот претседател Петр Павел привлече големо внимание за време на Големата награда на Унгарија, откако се појави на патеката со професионална опрема за фотографирање и официјална акредитација од ФИА и ги сликаше настаните од викендот во Формула 1 одблизу.

Тој пристигна на Хунгароринг во саботата, кога се одржуваа тренинзите и квалификациите. Фотографирал во друштво на познатиот чешки фотограф на Формула 1, Јиржи Кренек, со кого ги следел болидите и возачите по патеката.

Иако глетката на претседателот со фотоапарат привлече внимание, ова не е прв обид на Павел да се занимава со спортска фотографија. Фотографијата и моторспортот се негови долгогодишни страсти, а тој често ги комбинира на најголемите трки во светот.

Во јуни, тој ја посети легендарната трка „24 часа Ле Ман“ во Франција, исто така опремен со професионален фотоапарат. Претходно ги фотографираше трките во Мото ГП и Светското првенство во Супербајк во Брно.

ПретходноХрватот се договори: Хезоња една година во Кливленд
СледноСе запиша во легендите: Тадеј Погачар по петтипат победи на Тур Д’Франс