Сараево и официјално му се заблагодари на Стефан Ристовски, следна дестинација е Нови Пазар?

199

Македонскиот интернационалец, Стефан Ристовски во новата сезона ќе игра за друг тим. Поранешниот репрезентативец се раздели со Сараево, а босанскиот тим и официјално му се заблагодари.

Босанските медиуми пишуваат дека Нови Пазар би можел да биде следниот клуб чиј дрес ќе носи Ристовски. Овој тим има големи амбиции и во својот состав сака да го види токму Македонецот.

„Дуо од ФК Сараево наскоро би можело да се упати кон Пазар. Порталот „Три К“ од Нови Пазар, кој е исклучително близок до клубот, тврди дека новите играчи за овој тим би можеле да бидат Адем Љајиќ и Стефан Ристовски“, се вели во текстот на „спортспорт.ба“.

Ристовски во Сараево дојде од Динамо Загреб, а претходно настапуваше за Спортинг, Ријека, Латина, Бари, Фросиноне, Кротоне, Парма и Вардар.

Дали ќе се остварат најавите останува да видиме, претходно беше поврзуван со Раднички Крагујевац.

ПретходноНејмар постигна прекрасен гол и им одговори на критичарите
СледноЏошуа преживеа два нокаута, албански боксер го „фрли“ на подот за 20 секунди (ВИДЕО)