Турчинките по вторпат ја освоија Лигата на нации

44
фото: Volleyball World

Женската одбојкарска репрезентација на Турција го освои златото во Лигата на нации откако го победи Бразил со 3-1 (23-25, 25-23, 26-24 и 25-21). Ова е втора титула на Турција во Лигата на нации, а прва од 2023 година.

Турскиот одбојкарски селектор Даниеле Сантарели успеа да го освои својот втор златен медал во Лигата на нации со турската репрезентација, откако го презеде тимот во 2023 година. Од друга страна, Бразилките стигнаа до финалето по петтипат, но секој пат мораа да се задоволат со сребрен медал, поради што го држат рекордот за најмногу изгубени финалиња.

Централна фигура во ова финале беше Мелиса Варгас, натурализирана Кубанка која постигна 33 поени за турската репрезентација, додека најдобар индивидуален стрелец за бразилската репрезентација беше Ана Кристина де Соуза со 25 поени.

Италијанките брзо се опоравија од поразот во полуфиналето и го освоија бронзениот медал со убедлива победа над Кина.

ПретходноСилекс броеше до шест против „младинскиот“ тим на Башкими
СледноХрватот се договори: Хезоња една година во Кливленд