Шкендија не крие: Против Скопје нема да се штеди, целта е победнички старт

64
Фото: ФФМ

Дефанзивецот Имран Фетаи го најави стартот на шампионатот, Шкендија со меч против дебитантот Скопје ја отвара новата сезона во ПМФЛ. Натпреварот од првото коло помеѓу Шкендија и Скопје се игра на комплексот на ФФМ во Скопја, со почеток во 19:00 часот.

„Да, нормално, нова сезона, ново првенство. Нормалните амбиции се исти, да го поченеме првенството добро – како што треба. Ќе одиме да го дадеме својот максимум и да го добиеме натпреварот“, рече Имран Фетаи, кој вели дека реваншот против Браво во европски рамки е ставен на стенд-бај и денеска целосно се свртени кон дебитантот. 

За мотивацијата и целта со победа се почне првенството, тој додаде:

„Да, секако, секој натпревар има свое значење. Добриот почеток е половина од битката. Го земаме ова предвид и одиме 100% за да го добиеме натпреварот.“

ПретходноИ Един Џеко донесе одлука за својата иднина!
СледноСтартува ерата на Лино Червар во Битола: Искусниот стратег ги собра „пелистерци“ (ВИДЕО)