Потсетување: Билетите за Европското првенство на кое ќе учествуваат кадетите се достапни!

426

Македонската машка кадетска репрезентација за три дена го започнува својот настап на Европското првенство кое ќе се одржи во Белград од 29 јули до 9 август. Избраниците на селекторот, Горан Кузманоски на стартот ќе ги одмерат силите со Словенија, а во наша група се уште и Франција и Шведска.

Ова ќе биде совршена можност за љубителите на ракометот да ги видат ѕвездите на иднината на спортот, а билетите за турнирот со 24 екипи во Белград се достапни.

Од ЕХФ веќе информираа за цените на билетите – мало потсетување:

еднодневен билет за една сала — 1.000 динари (околу 8,50 евра)
еднодневен билет за сите три сали — 1.500 динари (околу 12,75 евра)
целодневен пакет за турнирот за сите три сали — 9.000 динари (околу 76,50 евра)

ПретходноСтартува ерата на Лино Червар во Битола: Искусниот стратег ги собра „пелистерци“ (ВИДЕО)
СледноПелистер дефинитивно продолжува без Манасков!