Бледи Шкемби: Задоволен сум од стартниот триумф во сезоната

76

Тимотна Струга Трим Лум на најдобар можен начин ја стартуваше новата ПМФЛ сезона со победа на домашен терен од високи и убедливи 3:0 против екипата на Шкендија Арачиново.

„Задоволен сум од екипата и како изгледавме на терен. Знаев дека првиот натпревар ќе биде предизвикувачки, без оглед на резултатот, противникот беше добар, добро организиран тим. Нашите момци се обидоа да го дадат својот максимум, а тоа беше најважното нешто. Не сакам да издвојувам поединенци, сметам дека, за прв натпревар, одигравме добро во сите фази од играта. Задоволен сум од дебитантите. Со оглед на тоа што ова беше нивниот прв натпревар, сметам дека го дадоа својот максимум. И покрај овој резултат, сепак треба да напредуваме и да го комплетираме составот“, заклучи Шкемби.

Во следното коло Струга ТЛ гостува на тимот на Скопје на Автокоманда.

 

 

ПретходноРеал брзопотезно доведе уште едно големо име, Диоманде на пат за Мадрид
СледноЈувентус во нов „напад“: Елмас на позајмица со опција за откуп од 10 милиони евра!