
Дека големите европски клубови знаат да „намирисаат“ талент и квалитет, и да го претворат во супер звезда добро е познато. Но дека знаат и да направат тежок кикс, и скапо платено засилување да го претворат во огромно разочарување исто така е честа појава.
Ете на пример, во случајот на Баерн Минхен летово, спортскиот директор Криштоф Фронд јавно објави дека клубот повеќе не смета на две огромни засилувања од прред само две лета.
Саша Боје францускиот интернационалец кој што беше доведе од Галатасарај во 2024 година за 30 милиони евра ниту се снајде во Минхен, ниту заигра како што треба, а конечно ниту има иднина во овој клуб.
Исто така, тоа лето беше доведен и португалскиот интернационалец Жоао Палиња за фантастични 50 милиони евра, но и за него повеќе нема место. Тој веќе има и 31. година што ќе рече дека неговата кариера ќе оди само надолу. Баерн реши да не го враќа од позајмицата од Тотенхем, каде што ја мина изминатата сезона, и неговиот фудбалски пат од сега натаму е тотално неизвесен.









