Јувентус во нов „напад“: Елмас на позајмица со опција за откуп од 10 милиони евра!

302

Според пишувањата на италијанските медиуми, Јувентус повторно се поврзува со потенцијален трансфер на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

„Фудбал Италија“ пишува дека поранешниот играч од средниот ред на Наполи и Торино, би можел да остане во Италија уште една сезона, ако Јувентус се договори со  РБ Лајпциг.

„Тутоспорт“, пак, тврди дека Јувентус се надева на договор за позајмица со опција за откуп за вкупна сума од околу 10 милиони евра. Спалети добро знае дека Елмас може да заврши работа на бројни различни улоги во средниот ред и нападот, па затоа во него гледа сериозна опција за засилување.

ПретходноБледи Шкемби: Задоволен сум од стартниот триумф во сезоната
СледноСилекс броеше до шест против „младинскиот“ тим на Башкими