Тимот на Бутел Скопје од денеска започна една нова етапа во своето постоење. Со ракометната македонска легенда Столе Стоилов како кормилар. Екипата ги започна подготовките за претстојната сезона под водство на новиот стратег и го имаше првиот тренинг со ракометарите, а екипата допрва треба да се комплетира и да го добие финалниот изглед.
Бутел Скопје ќе биде дел од турнирите во Струга (12-15 август) и Прилеп (20-23 август) и ќе има квалитетни проверки за новата сезона, во која стартува на домашен терен против Младост Богданци на 5/6 септември.
Ова лето се засили со голманите Богдановски и Чаневски, левите крила Аврамовски и Симоновски, како и бековите Ѓорѓески, Аксентиев и Стаменковиќ.
Нови договори беа потпишани со Каевски, Јаневски, Зенговски, Спасовски, Михајловиќ, Тодески…










