Македонскиот младински репрезентатовец Андреј Велков е нов играч на тимот на Тиквеш. Досегашниот член на тимот на Брера се сели во Кавадарци за да ја засили левата бековска позиција.
Тој е стандарден член на младинските селекции на Македонија и има забележано десетина настапи. Во моменнтов има 20 години и сеу ште има статус на младинец.
Велков пред да дојде во Брера настапуваше за Брегалница.
Тиквеш во првото коло дојде до убедлива победа над Арсими од 5:1, во следното коло кога треба да се приклучи и младиот фудбалер е гостин на Башкими. Втората рунда на програмата во ПМФЛ е на 8. август, овој викенд е слободен.















