Во Супер-лига ќе има нов систем за натпреварувње, почнува од сезоната 2027/28

186

Не денешната конференција на клубовите од Супер-лига мажи беше потврдена промена за системот на натпреварување за сезоната 2027/28. Истата ќе се имплементира во разигрувањето.

Бројот на екипи ќе остане 12, но по одигрувањето на 22-те кола во регуларниот дел, ќе следи поделба на учесниците во три групи.

-Прва група: Ќе играат екипите од 1. до 4. место, практично се тимовите кои се борат за титула

-Втора група: Ќе играат екипите од 5. до 8. место, ова се тимови кои ќе се борат за место во ЕХФ Европскиот Куп

-Трета група: Ќе играат екипите од 9. до 12. место, ова се тимови кои ќе се борат за опстанок.

Која е целта? Одговорот е едноставен, плеј-офот ќе добие повеќе на квалитет, според она што го гледаме во изминатите сезони, ќе има вистинска битка за тронот.

Како точка за поздрав е што Ракометната федерација на Македонија ќе обезбеди спортска опрема за сите екипи што ќе настапуваат во Првата лига, во машка и женска конкуренција.

ПретходноИнфантино за критиките за Светското првенство: Додека ширите омраза, ФИФА ја приредува најдобрата претстава во светот
СледноВардар ја виде Рига!