Вардар го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот дуел со Рига

74

Актуелниот македонски шампион, тимот на Вардар утре со почеток од 19:00 часот на стадионот Сконто во Рига ќе го одигра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции против тимот на Рига.

Предмалку Вардар се појави на стадионот каде што ќе се одигра дуелот, за да го одработи официјалниот тренинг.

Тимот е подготвен за подвиг по поразот во Скопје од 2:3, во кој Вардар одигра периодично добро, но за жал направи грешки кои што го чинеа пораз.

Водени од победата против КуПС во квалификациите за Лигата на Шампионите на гости каде што Вардар одигра далеку подобро во Финска одколку во Скопје, избраниците на тренерот Кристијан Фабијани се надеваат на сличен развој на настаните и утре.

 

ПретходноИталија има голем список, еден куп имиња се опција по фијаското со Пирло
СледноРаководството на ОФМ ги поздравија одбојкарките: Четата е мала, но одбрана, веруваме во вас!