Вардар ја стартуваше мисијата за сезоната во која повторно ќе игра Лига на шампиони (ФОТО)

176

Актуелниот македонски ракометен шампион, тимот на Вардар попладнево, во легендарната и реновирана сала „Разадник“ во Скопје и официјално ги стартуваше подговотките за следната сезона.

Тренерот Иван Чупиќ ги активираше своите избраници по летната пауза, и ги поведе во долга и макотрпна сезона во која што покрај домашниот шампионат секако главен збор ќе има и настапот во Лигата на Шампионите.

На првиот тренинг секако присутни и новитетите во „црвено – црниот“ табор кој прописно, со оглед на амбициите и настапите кои што следуваат прописно се засили.

Тука се Милан Бомаштар, Матео Фадуил , Мохаб Абделак , Леон Љевар , Никола Нечовски, Марио Ѓорчески  и Бобан Попоски.

Подготовките на Вардар се распоредени во неколку фази, а по оваа почетната екипата ќе се пресели во Маврово. Следуваат потоа традиционалните гостувања на турнирот во Струга и Охрид, а кон крајот на август се закажани и првите официјални мечеви.

ПретходноСтоле Стоилов ја започна својата мисија со Бутел Скопје
СледноХаосот во италијанскиот фудбал продолжува: Паоло Малдини и Леонардо си поднесоа оставки