Раководството на ОФМ ги поздравија одбојкарките: Четата е мала, но одбрана, веруваме во вас!

39
Фото: ОФМ

Претседателот на Одбојкарската федерација на Македонија Петар Јовановски заедно со потпретседателот Ивица Хаџииљоски и генералниот секретар Филип Деспотовски денеска присуствуваа на првите собири на подготовките на женската А репрезентација, како и на репрезентацијата до 20 години на Македонија.

“Четата е мала, но одбрана и искрено верувам во вашата желба да се покажете и себе и државата во најдобро светло. Ви посакувам добро здравје и добри подготовки. Федерацијата се потруди да обезбеди подготовките да бидат на највисоко ниво и ви посакувам убави и успешни Медитерански игри”, првиот човек на ОФМ.
Хаџииљоски пак потенцира дека се надеваат на победа особено што противниците на се силни како во Европска лига.

“Вие сте нашето најдобро, не случајно сте тука втор циклус во низа со селекторот. Се надевам на добри подготовки, кои ќе донесат и подобри резултати. Противниците на Медитеранските игри не се силни како во Европска лига и се надеваме на некоја победа, која ќе биде подолнителен мотив и за вас и за нас”.

ПретходноВардар го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот дуел со Рига
СледноФабијани: Да се намалат грешките, да играме трпеливо и тактички да бидеме перфектни