Тренчовски со многу труд и знаење стигна до Олимпија!

141

Не е мала работа да се биде тренер во клуб како Олимпија од Љубљана. На „Стожице“ во престолнината на Словенија се е подготвени за денешната промоција на новиот тренер на „змајчеките“. Југослав Тренчовски седнува на жешкото столче на “зелените“ кои по две кола и со два порази бараат спас во првиот тренер од Македонија кој ќе седне на клупата на најголемиот фудбалски бренд од оваа земја.

Струмичанецот со многу труд и знаење стигнува на клупата на Олимпија, во време кога на клубот му гори под нозе и во време кога тренерот од Македонија е најдоброто решение. Тренчовски лани со одличната работа на клупата на Радомље ги освои симпатиите на фудбалската јавност во оваа земја. Оние кои работат и знаат фудбал многу добро им е познато колку е тешко да се добие довербата и да се биде тренер на клуб како Олимпија а притоа да сте тренер од Македонија.

СпортСпорт, прв ја објави веста за одлуката на Олимпија да го ангажира Југослав Тренчовски во нивниот клуб. Во текот на денешниот ден се очекува и промоцијата а дебито е на Илинден (2 август), на домашен терен против екипата на Алуминиј.

Во друштво на Просинечки, Облак, Николиќ, Риера…

ПретходноСкандал каков што Балканот не памети: На паркинг пред стадион се степаа клупски челници!
СледноПолноќна бомба од германскиот Скај Спортс: Две понуди пристигнаа за Винисиус!