МРК Куманово денеска и официјално ги започна подготовките за новата натпреварувачка сезона под водство на шефот на стручниот штаб Саша Радосављевиќ.
Раководството на клубот во пресрет на новата сезона го засили играчкиот кадар со шест нови ракометари.
Нови членови на МРК Куманово се Филип Мечкаровски од Струга, Марко Трајковски од Пролет, Матеј Новаковски од Бутел, Бојан Гичевски од Пелистер 2, Хамза Мамадох Ибрахим од Египет и Наум Костов од Струга.
„Со првиот тренинг беше означен почетокот на новиот циклус, во кој клубот ќе влезе со амбиции за уште подобри резултати од мината сезона.
Во текот на подготвителниот период стручниот штаб предвидува интензивна работа на физичката и тактичката подготовка на екипата, а планирани се и неколку пријателски натпревари преку кои тимот ќе ја темпира формата и ќе го воигрува составот пред почетокот на новата сезона.
Во клубот владее позитивна атмосфера и оптимизам дека со квалитетната работа и новите засилувања, МРК Куманово ќе биде конкурентен и подготвен да одговори на предизвиците што ги носи новата сезона“, велат од таборот на Куманово.










