Вардар тргнува по нов европски подвиг

65

Вечерва, македонскиот фудбалски шампион, екипата на Вардар од 19:00 часот на стадионот Сконто во Рига, против истиоимениот противник, го игра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Лигата на Конференции.

Откако во Скопје летонците пред една недела извојуваа триумфот од 2:3, сега Вардар тргнува во гостинска офанзива да ја анулира предноста и да обезбеди пласман понатаму.
Тоа нема да биде ни малку лесно, противникот добро знае со што располага во моментов, и планираа таа предност од Скопје да ја искористи во целост.

Вардар пак од друга страна, посакѕва реприза на овој реванш дуел од првото коло од квалификациите за Лигата на Шампионите, кога во Финска против КуПС одигра далеку подобро одколку во Скопје, и нијанси фалеа да го елиминира противникот.

Сега, ситуацијата е слична, Вардар ќе мора да го подигне нивото, да заигра далеку подобро одколку пред своите гледачи и да ги сведе грешките на минимум. Оние кои што и го доведоа до оваа позиција на негатива.

„Ни следи нов европски натпревар за оваа сезона. Тактички мора уште повеќе да се подобриме од претходните мечеви, да ги намалиме грешките, а притисокот ќе биде повеќе врз домаќинот Рига. Мора да играме трпеливо, тактички да бидеме перфектни и со намалени грешки во сите линии. Сите играчи кои допатуваа со нас ќе конкурираат за игра, ги немаме во тимот само Хоакин Торес и Бобан Николов. Го имаме официјалниот тренинг за финални подготовки за мечот.“, изјави тренерот Кристијан Фабијани.

 

ПретходноНово правило во англискиот фудбал – тестирањето започнува
СледноИгор Марковиќ нов селектор на сениорките