Реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Лигата на Конференции, помеѓу екипите на Шкендија и Браво од Словенија кој што ќе се одигра в четврток од 20:00 часот на Арената Тодор Проески во Скопје ќе биде со бесплатен влез.
Вака одлучи менаџментот на клубот, во насока на што поголема посета на овој меч во овие летни денови.
Шкендија има негатива од првиот меч во кој што поведе но сепак, на крајот загуби со 2:1.










