Кадетската репрезентација на Македонија иако ја имаше победата во рака по блескавото прво полувреме во Белград каде водевме против Словенија со 18:12, дозволи се да расипе во вториот дел и за 15 минути да прокоцка огромна предност. На крајот го загубивме натпреварот со 33:30.
Избраниците на слекеторот Кузманоски одиграа извонредно прво полувреме во кое се функционираше беспрекорно и успеавме да ги неутрализираме словенечките ракометари и да направиме голема позитива. Што се случи на стартот на вториот дел е мистерија.
Словенија притисна, ние почнавме да правиме технички грешки и да промашуваме во нападот, по што следуваше голем 15-минутен пад во кој цели 8 минути не успеавме да постигнеме гол, а Словенија не само што ја стопи високата предност, туку успеа да го сврти комплетно мечот и да дојде до предност. Во финишот иако влеговме во егал, не успеавме да одржиме ритам и на крајот го запишавме стартниот пораз.
Костов и Вујичевски постигнаа по 6 гола, додека Ѓорѓиевски и Поповски имаа по пет гола.










