Официјално: Стоунс го облече дресот на Интер

81

Англискиот репрезентативец Џон Стоунс и официјално стана ново засилување за Интер.

„Нероаѕурите“ го објавија потпишувањето на договорот со 32-годишниот англиски репрезентативец како слободен агент. Договорот на поранешниот играч на Манчестер Сити ќе биде до средината на 2028 година.

Англичанецот за првпат ќе игра надвор од својата татковина. Минатата сезона одигра девет натпревари во Премиерлигата, а исто така учествуваше и на пет натпревари на Светското првенство во 2026 година. 

ПретходноШкендија оди во следната рунда: Марко Ѓорѓиевски е џокерот за Европа! (ВИДЕО)
СледноРастодер со гол во 85. минута го однесе ПАО во 3. коло на КЛ (ВИДЕО)