Јанакопулос го одврза ќесето: На Обрадовиќ му донесе плејмејкер вреден 11,5 милиони евра!

406

Панатинаикос ги искористи ненадејните финансиски проблеми на Асвел и го доведе брилијантниот француски кошаркар Силван Франциско, објави добро информираната грчка „SDNA“.

Франциско по брилијантната сезона во Жалгирис, потпиша тригодишен договор со Асвел вреден 15 милиони евра, но сè пропадна.

Асвел неодамна презентираше резервен план со буџет од околу 24 милиони евра до Националниот директорат за контрола и менаџмент консалтинг. Првичниот план на Асвел беше да има невиден буџет за француската кошарка од 59 милиони евра, но се појавија големи и неочекувани проблеми.

Повеќе од половина од таа мега-сума требаше да дојде од инвеститор од Азија, кој не обезбеди доволно финансиски гаранции до контролното тело и се појави огромен прашалник пред овој проект, чиј лидер требаше да биде Тони Паркер како тренер и човекот околу кого сè се врти…

Богатиот Панатинаикос веднаш ја виде својата шанса да го „украде“ Франциско, бидејќи Асвел не можеше да му ги гарантира парите од новопотпишаниот договор и кога стана јасно дека Французите не можат да го задржат, „зелените“ реагираа и Жељко Обрадовиќ ќе има уште една „суперѕвезда“ на Евролигата во својот состав.

Францускиот плејмејкер ќе добие тригодишен договор во Атина, но ќе заработува 11,5 милиони евра, 3,5 милиони помалку отколку што требаше да заработи во Асвел за истиот период.

Асвел наводно добил 450.000 евра обештетување.

Со доаѓањето на Франциско, Панатинаикос практично комплетираше извонредно силен состав за новата сезона и сигурно ќе биде еден од главните кандидати за титулата.

Франциско минатата сезона во Евролигата со Жалгирис имаше просек од 16,5 поени, 6,5 асистенции и 2,9 скока по натпревар.

ПретходноЖенската јуниорска репрезентација на ЕП на пат за Романија
СледноСите црни предвидувања за Алкараз, една одлука ќе ја открие судбината на УС Опен