Официјално:Керим Алајбеговиќ во дресот на Јувентус!(ФОТО+ВИДЕО)

119
ФОТО:x.com/juventusfcen

Сега веќе е официјално, сега е веќе дефинитивно. Сагата околу трансферот на Керим Алајбеговиќ конечно заврши денес, бидејќи овој 18-годишник потпиша за Јувентус.
Старата дама официјално потврди дека Алајбеговиќ е новиот играч на овој клуб.

 

Јувентус објавува дека постигнал договор со Баер Леверкузен во врска со трансферот на Керим Алајбеговиќ“, објави Јуве. Италијанскиот гигант, исто така, потврди дека Алајбеговиќ потпишал договор до летото 2031 година.
Првите информации велат дека трансферот на репрезентативецот на БиХ вреди околу 35 милиони евра.

Инаку по фантастичните настапи на Алајбеговиќ за селекцијата на БиХ, за него беа ззиантересирани неколку европски гиганти, но сепак Јуве беше најконкретен и успеа да го добие.

 

ПретходноНа денешен ден, пред 80 години, КК Работнички го одигра својот прв натпревар!(ФОТО)
СледноДрама во Белград: Прославениот кошаркар Милан Гуровиќ извлече човек од запален автомобил и спречи трагедија!