Македонскиот интернационалец, Енур Тотре, е нов фудбалер на албански Скендербеу. Во Албанија, Тотре пристигнува од екипата на косовски Гњилане за кој настапуваше само една сезона.
30-годишниот македонски играч за врска во својата кариера настапуваше за Шкендија, за која запиша 161 настап и постигна 11 погодоци. Албанската лига нема да му е нов предизвик, бидејќи Тотре одигра една сезона во екипата на Тирана.
Тотре исто така има и два настапи за македонската репрезентација.










