Пораз од Велика Британија за крај: Македонија заврши 14-та на ЕП Б Дивизија!

62
Фото: КФСМ

Македонската машка јуниорска репрезентација запиша пораз против Велика Британија (83-73) и заврши на 14-то место на Европското првенство Б Дивизија.

Нијанси го одлучуваа победникот на овој меч. Нашите кошаркари беа подобри во првата четвртина (18-21), додека противникот на одморот замина со позитива од 43-39. Беше изедначена битката и во третата четвртина во која Велика Британија беше подобра со 16-15.

Во последните десет минути кои практично го решија противникот, Македонија го загуби чекорот и дозволи противникот да дојде до двоицфрена позитива (76-61). Во последните две минути успеа да направи притисок, но не и да приреди целосен пресврт.

Данев со 16 поени беше прв стрелец, по 14 имаа Ѓорѓевиќ и Ѓиновски.

ПретходноРома го потпиша грчкиот репрезентативец од испаднатиот Волфсбург
СледноИнфантино е веќе историја: Човекот на Трамп планирал да си даде плата од 30 милиони долари, плус бонуси!