Приходко поразен во финалето на М 25 турнирот во Козалин

44

Македонскиот Дејвис куп репрезентативец Олег Приходко го загуби финалето на ИТФ турнирот во полскиот град Козалин што се играше за награден фонд од 30.000 долари. Тој денеска е поразен од Португалецот Тиаго Переира со 2-0 во сетови (61 75) за 68 минути.

Во првиот сет Приходко поведе со 1:0 во гемови, но потоа ривалот направи серија од шест гема и поведе во мечот со 1:0. Во вториот сет беше изедначено до последниот гем немаше брејк, а во 12.гем Португалецот направи брејк и го доби сетот со тоа и мечот.

На патот до финалето Приходко ги победи во првото коло Лоренцо Берто (Италија) 2-0 во сетови, во второто коло беше поуспешен од домашниот тенисер Полјакот Адам Мајчрзак со 2-0 во сетови, во четвртфиналето го совлада шпанскиот тенисер Иманол Лопез Мориљо со 2-1 во сетови, а во полуфиналето го надигра првиот носител Даниел Михалски со 2-0 во сетови (61 64).

Следниот турнир Приходко ќе го игра по една недела во Куршумлијска Бања.

ПретходноИнфантино е веќе историја: Човекот на Трамп планирал да си даде плата од 30 милиони долари, плус бонуси!
СледноОд актуелните стратези во ПМФЛ: Само Васоски е шампионски тренер!