Тотре од Косово се пресели во Албанија

71

Македонскиот интернационалец, Енур Тотре, е нов фудбалер на албански Скендербеу. Во Албанија, Тотре пристигнува од екипата на косовски Гњилане за кој настапуваше само една сезона.

30-годишниот македонски играч за врска во својата кариера настапуваше за Шкендија, за која запиша 161 настап и постигна 11 погодоци. Албанската лига нема да му е нов предизвик, бидејќи Тотре одигра една сезона во екипата на Тирана.

Тотре исто така има и два настапи за македонската репрезентација.

ПретходноДурант сака да игра за САД и на ЛОИ во 2028 година
СледноТренчовски тргна со победа на клупата на Олимпија