Ако го мине Хиберниан: На Шкендија и се смешка нов плеј – оф двомеч со Гент!

244

Шкендија против победникот од двомечот Гетеборг – Гент во плеј – офот во ЛК. Ова е резултатот на ждрепката која се одржа пред малку во Нион. Јасно беше уште утринава, откако УЕФА го скрати списокот и ги одреди групите за ждрепката во плеј – офот во Лигата на Конференции, дека Шкендија ќе има можен екстра силен противник, и тоа и се оствари.

Па така тетовци, во случај да го минат Хиберниан во третата квалификациска рунда во ова натпреварување, во плеј – офот за влез во групната или лигашка фаза за ривал го добија победникот од двомечот Гетеборг (Шведска) и Гент (Белгија).

Да потсетиме дека во 2016/17 Шкендија протов Гент играше во плеј – офот за влез во групите во Лигата на Европа и беше елиминирана со 0:4 и 1:2. Којзнае, можеби е ова шанса за реванш.

Натпреварите се закажани за 20 и 27 август, а првиот меч нашиот претставник го игра на гости, а реваншот дома.

Секако дека за да игра домеч во плеј -офот, како што веќе нагласивме, Шкендија мора во четврток и на реваншот на 13 август, севкупно да биде подобра од шкотскиот Хиберниан.

ПретходноАлбан Таипи се пресели во Црна Гора
СледноАнглија и Велс му откажаа „љубов“: Инфантино притиснат да си даде оставка!