Албан Таипи се пресели во Црна Гора

149

Некогашниот македонски младински репрезентативец Албан Таипи следнава сезона ќе ја одигра во шампионатот на Црна Гора, каде што ќе биде дел од тимот на Ортрант Олимпик Улцињ.

Напаѓачот кој што веќе има полни 23. години има интернационално искуство од екипите на Кудривка во Украина, како и со неколку клубови во Унгарија.

На домашна сцена пак беше дел од екипите на Ренова, Беса, Детонит, Арсими…. беше дел од У17 и У18 репрезентациите на Македонија.

 

ПретходноСтефан Ашковски ќе игра во Индонезија
СледноАко го мине Хиберниан: На Шкендија и се смешка нов плеј – оф двомеч со Гент!