Велковски и Јанковиќ победници на 47. „Илинденски куп“

61

Вчера во Охрид се одржа 47. издание на малиот пливачки маратон „Илинденски куп“, на кој настапија 83 пливачи од Македонија и странство, поделени во две возрасни категории, од 8 до 15 години и 16 години и постари.

Во конкуренција на пливачи од 16 години и постари, во машка конкуренција најбрз беше Никола Велковски (16) од ПК „Вардар 2018“, кој патеката ја исплива за 27:56.53 минути. Второто место му припадна на неговиот клупски колега Андреј Мишевски (17) со време 31:56.10, додека трет заврши Арнд Бранденбурд (63) од Германија со 33:24.11.

Во женска конкуренција триумфираше Сара Јанковиќ (18) од ПК „Скопје“ со време 31:48.15, пред Росана Гошева (19) од истиот клуб (33:28.13) и Анастасија Цветановска (16) од ПК „Акваспирит“ – Охрид (33:57.12).

Кај младите пливачи од 8 до 15 години, во машка конкуренција победи Влатко Цеков (14) од ПК „Вардар 2018“ со време 30:11.42, пред Дамјан Сековски (14) од ПК „Орион“ – Скопје (31:29.00) и Стефан Неделковски (14) од ПК „Скопје“ (31:53.10). Во женска конкуренција најуспешна беше Георгина Ставреска (15) од ПК „Вардар 2018“ со резултат 33:02.00, второто место го освои Девран Куртис (13) од ПК „Три дисциплини“ – Струга (35:11.00), а третопласирана беше Матеа Јанкоска (14) од ПК „Скопје“ со време 35:18.00.

ПретходноОдбојкарите паднаа на 54. место на најновата светска ранг-листа
СледноЛиверпул сега сака да му понуди нов договор на Џонс