Екипата на Тиквеш за тековната сезона во ПМФЛ шампионатот ќе биде посилна за Октаj Ракипи.
Кавадарчани предмалку го промовираа своето најново засилување, кое што веќе е дел од екипиата и ќе конкурира за следното коло во домашниот шампионат.
Македонскиот младински репрезентативец во минатото беше дел од екипите на Шкендија, Борец, Беса Добри Дол, а прави кам бек од Словенија каде што беше дел од тимот на Јесенице.















